САД не препорачуваат патување во околу стотина земји, вклучувајќи ја и С.Македонија

од Vladimir Zorba
186 прегледи

Стејт департментот на САД додаде стотици земји оваа недела на списокот на земји во кои не препорачува патување, вклучително и С.Македонија, Србија, Хрватска, Грција, Косово, Бугарија, Велика Британија, Канада, Франција, Мексико и Германија, поради „многу високата стапка на Ковид-19“.

Стејт департментот во понеделникот соопшти дека ќе го зголеми бројот на држави на највисоко предупредување од четврти степен на околу 80 проценти од државите во светот. До вторникот имаше 34 земји од околу 200. Сега има околу 130.

Стејт департментот вели дека одлуката се заснова на постојните проценки на епидемиолошката состојба во тие земји од страна на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Земјите што ги засега оваа одлука се и Финска, Египет, Белгија, Турција, Италија, Шведска, Швајцарија и Шпанија.

Некои земји, како Кина и Јапонија, останаа на третото ниво на предупредување и за нив граѓаните се охрабруваат да преиспитаат дали треба да патуваат таму.

Повеќето Американци веќе беа спречени да патуваат во поголем дел од Европа поради пандемијата.

Вашингтон забрани влез во земјата на скоро сите државјани на САД кои неодамна биле во повеќето европски земји, Кина, Бразил, Иран и Јужна Африка.

Забраната за патување кон Канада и Мексико беше продолжена за уште 30 дена во вторникот, доколку тие патувања не се потребни.