Филипче: Претстојните празници се голем епидемиолошки ризик

од Берта Китинска
397 прегледи

Состојбата со вирусот се стабилизира и спласнува притисокот врз болниците, вели министерот за здравство Венко Филипче во своето гостување во Сител.

– Иако состојбата се стабилизира мора да останеме максимално претпазливи. Оваа недела ќе ја анализираме епидемиолошката состојба и трендовите по што ќе одлучиме дали и какви мерки ќе има за време на празниците. Граѓаните максимално да ги почитуваат мерките кои се на сила, а посебно да се внимателни за претстојните празници кои се голем епидемиолошки ризик, изјави Филипче кој додаде дека доколку продолжи овој тренд на намалување на пандемијата ќе се отворат угостителските објекти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 148.618, бројката на оздравени пациенти е 125.593, на починати е 4.556, а бројот на активни случаи изнесува 18.469.

Слични содржини