Заев: Добредојдена е експертска помош од надвор во Македонско-бугарската историска комисија

од Nikola Popovski
229 прегледи

„Можам да им посакам само упсех, да направат еден чекор напред во решавање на дијалогот“, вака премиерот Зоран Заев ги коментира пишувањата на бугарските медиуми дека Заедничката македонско-бугарска историска комисија денес и утре треба да одржи нова онлајн-сесија.

Според него, помошта од трета страна е добредојдена.

„Секаква експертска помош е добра. Секој исчекор на Заедничката комиисија ќе биде голем исчекор кон решавање на различностите. Што и да се случи, одлуката ќе остане на Комисијата“, вели Заев.

Според информации од Бугарија, на денешната средба историчарите од двете страни уште еднаш ќе разговараат за прашањето за Царот Самоил, за кое веќе се дискутираше на почетокот на работата на Комисијата. Враќањето во средниот век е доказ за недостатокig на чекор напред во историските прашања, стои во извештаите на медиумите.

Ова е втор состанок оваа година и 14-ти од формирањето на Комисијата по потпишувањето на Договорот за добрососедство и пријателство во август 2017 година.

Слични содржини