Познато кој би добил најмногу пари од Суперлигата

од Stefanija Kuzmanovska
348 прегледи

Шпански „Мундо Депортиво“ се пoзанимава со финансиските детали од Суперлигата на Европа и учеството на локалните клубови во распределбата.

Натпреварувањето, кој има се помалку шанси да оживее, му обезбеди награда на шампионот од 600.000.000 евра.

Но, само Реал Мадрид и Барселона би добиле толку многу пари, во случај да победат. Не другите.

На тимовите учесници ќе им се гарантира награден фонд од 10 милијарди евра на крајот од првата сезона и тој ќе биде поделен на 20 дела.

Не секој би добил иста сума пари, но би бил поделен според принципот на вредност на брендот, влијание …

На почетокот, 3,5 милијарди евра ќе ги поделат 15 тимови на следниот начин:

Реал и Барселона би добиле 600 милиони, 350 би ги добиле следните четири екипи според „важноста“, додека оние кои се рангирани од 6 до 9, би добиле 225.

Следните два тима би добиле 112, а последните три 100 милиони евра.

Сепак, се чини дека нема да има ништо од сето ова, по повлекувањето на англиските клубови, но и Интер, Милан и Атлетико.

Слични содржини