167
МВР информира дека на територијата на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 73 санкции, осум за возење без возачка дозвола, две санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени биле и четири санкции за користење мобилен телефон, две за мининување на црвено светло и 47 казни за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од министерството за внатрешни работи и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.