Не се очекува промена во позицијата на Бугарија за започнување преговори со Северна Македонија за членство во ЕУ и при формирање на следната бугарска влада. Ова го рекоа европратениците од сите политички групи во Европскиот парламент како одговор на прашањето на „Хоризонт“ за време на виртуелна дебата за европската перспектива на Западен Балкан.
Европратеникот од Европската народна партија, Андреј Ковачев потсети дека нашиот источен сосед има широко прифатен став, изгласан со огромно мнозинство во парламентот и ги исполнува основните европски вредности.
„Она што Европскиот парламент го повторува во последните 10 години, вклучително и сега, во последниот извештај, дека ако кажете дека имате бугарски идентитет, го знаеш своето бугарско потекло, ќе бидеш дискриминирани. И ние треба да речеме – добро, ништо, ќе ги затвориме очите. Нема бугарска влада која ќе го прифати тоа“, вели тој.
И европратеникот од Прогресивниот сојуз на социјалисти и демократи, Петар Витанов рече дека не очекува промена во оваа насока.
„Јас лично не очекувам промена на позицијата. Сите ние, 17 европратеници, гласавме за деблокиран извештај за Северна Македонија, вклучително и сите амандмани, од кои некои беа искрено антибугарски, што беа поднесени“.
Европратеникот од „Обновија Европа“ и известувач за напредокот на Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук, го поддржа обединетиот став, но додаде дека треба да се разгледа минимизирање на говорот на омраза и давање на пат на конструктивни идеи.
„Со голема веројатност, од денешната изјава е јасно дека се движиме кон политичка криза што нема да ја смени бугарската позиција, но и која нема да дозволи бугарската влада да стори било што на темата Република Северна Македонија“, истакна Ќучук.