Санкции за 37 пешаци

од Nikola Popovski
161 прегледи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изречени се вкупно 143 мерки, меѓу кои за непочитување на брзината на движење 15 санкции, девет за возење без возачка дозвола, две санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

„Изречени се 37 санкции за прекршоци кои ги прават пешаците, осум за користење мобилен телефон и 51 санкција за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од полицијата.