СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе протестираат за одбрана на лица осудени за тероризам

од Nikola Popovski
290 прегледи

Со денешниот протест ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски уште еднаш докажуваат дека се за одбрана на насилство, за одбрана на обидите за државен удар, за одбрана на обидите за убиство на пратеници, новинари и вработени во Собранието, вака реагираат од владеачката СДСМ, за протестот што од 11 часот треба да се одржи пред Владата на С. Македонија.

Според нив, зад протестот за одбрана на лица осудени за тероризам, кои на крвавиот четврток, на 27 април 2017 инспирирани од ВМРО-ДПМНЕ, жедни за крв, со оружје упаднаа во Собранието, стои нивниот почесен претседател, осудениот бегалец од правдата Никола Груевски.

„Христијан Мицкоски е само извршител на волјата на неговиот ментор од Будимпешта.

Единствена задача на Мицкоски е да го одбрани криминалот во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, нему ниту му е до граѓаните ниту до државата.

Мицкоски, кој шест пати беше поразен на избори во последните четири години не сфаќа дека народот не сака политичари кои се на браникот на криминалот, кои ја блокираат помошта за граѓаните и фирмите, кои го поткопуваат здравствениот систем во време на пандемија, кои прават опструкции на евро-атлантската интеграција на државата, кои не гласаат стратегија за борба против корупција, кои ги делат луѓето по сите основи и внесуваат страв и омраза“, стои во партиското соопштение.

По повод годишнината од настаните во Собранието на Македонија на 27 април 2017 година, македонски организации од Европа, Канада, САД и Австралија денеска во 11 часот организираат мирен семакедонски народен протест под слоганот „Демократија во Македонија и слобода за уставобранителите!“. Протестот ќе почне пред Владата, е ќе заврши пред Собранието.

Слични содржини