„Марка“: Дали Југославија денеска би ги победила САД во кошарка?

од Vladimir Zorba
261 прегледи

Шпанска „Марка“ е воодушевена од учинокот на кошаркарите од поранешна Југославија во НБА-лигата, па во текстот во кој ги наведува нивните добри игри, повеќе пати прашува каква би била силата на кошаркарскиот тим на таа земја, да не се распаднеше.

Авторот на текстот наведува дека тоа би бил бестрашен тим кој ќе доминира на кошаркарските терени, а читателите се согласуваат со него во истражувањето. На прашањето дали тој тим ќе ја победи репрезентацијата на Соединетите држави, досега одговориле нешто повеќе од 7.000 луѓе, а 74 проценти од нив одговориле потврдно.

Текстот, исто така, нуди избор на тим кој, како што е наведено, „ќе сее страв на меѓународната сцена“ и „ќе го доведе во прашање владеењето на САД“.

Тој ќе се состои од Милош Теодосиќ, Горан Драгиќ и Василије Мичиќ кои ќе се менуваат на позицијата организатори на играта, Богдан Богдановиќ, Лука Дончиќ, Бојан Богдановиќ и Немања Бјелица на позициите шутер и ниско крило и Никола Јокиќ, Никола Вучевиќ, Јусуф Нуркиќ, Дарио Шариќ и Никола Милутинов на позициите под кошот.