Паника во европската земја во која пристигна „двојниот мутант“

од Stefanija Kuzmanovska
572 прегледи

Опасниот вид на коронавирус, кој најверојатно стои зад смртоносниот бран на пандемијата во Индија, веќе е регистриран во две европски земји.

Сега, од една од нив, пристигнуваат нови загрижувачки вести, пишува „Блиц“.

Добрата вест дека пандемијата беше скоро под контрола во Велика Британија, брзо беше заменета со лошата вест – ширењето на индискиот вид.

Три лица кои биле позитивни на индиската варијанта на коронавирус во Велика Британија во изминатата недела, не патувале во странство или биле во контакт со некој што патувал, откри британската влада пред некој ден.

Ова е прво рано предупредување дека видот – за кој се стравува дека е полесно пренослив од другите варијанти и ги прави вакцините помалку ефикасни – се шири во локалната заедница. Знак дека индискиот вид се шири побрзо е што инфекциите со оваа варијанта во Британија скокнаа за 70 отсто за само една недела.

Најновите официјални податоци покажуваат дека варијантата Б.1.617 е откриена 132 пати до 21 април, додека 77 случаи биле откриени на 14 април. Видот главно се шири во Лондон во области со голема индиска популација.

Од 55 нови случаи, 39 биле „фатени“ од вирусот во Велика Британија, претежно од некој што неодамна бил во Индија, 16 биле увезени директно од странство, но три случаи во никој случај не биле поврзани со патувања.

Индиската варијанта е откриена ширум светот, вклучувајќи ги, покрај Британија, Белгија, Америка, Израел и Сингапур.

Индиската варијанта веројатно стои зад експлозијата на бројот на заразени и мртви од ковид-19 во таа земја, што доведе до колапс на здравствениот систем и недостаток на кислород, болнички кревети и респиратори.

Забраната за патување од Индија до Велика Британија започна денес поради загриженоста на експертите за овој вид, иако и самите посочуваат дека сè уште не знаат многу за истиот. Британската служба за јавно здравје го класифицираше индискиот вид како „еден од мутираните видови на ковид под истрага“.

Слични содржини