НА ЕГЕЈСКО МОРЕ се уште на сила ПОЛИЦИСКИ ЧАС: Грција полека почнува да ги релаксира мерките пред почетокот на сезоната

од Stefanija Kuzmanovska
242 прегледи

ГРЦИЈА ги отвори своите граници, но во моментов не се дозволени македонски туристи. Летната сезона започнува на 14 мај, а епидемиолошките мерки, кои се однесуваат на граѓаните на оваа земја, државата полека почнува да ги олеснува.

Како што е истакнато во Службениот весник на Грција, полицискиот час околу претстојните велигденски празници се скратува. Така, затворањето сега трае од 22 до 5 часот наутро. А од 3 мај, се поместува на 23 часот. Сепак, останува забраната за меѓурегионални патувања. Меѓуопштинското движење е дозволено за време на викендите, во рамките на една регионална единица.

За време на службите во црквите, употребата на двојни маски за верниците е задолжителна. Покрај тоа, свештениците и хористите во црквата ќе треба да направат само-тестирање. Бројот на луѓе во црквите е исто така ограничен.

– Од 3 мај треба да стапи на сила укинувањето на испраќањето СМС пораки, што Грците мораа да ги испраќаат за да излезат надвор – се наведува во грчкиот „Службен весник“. – Патувањето од еден регион во друг е забрането до 10 мај, освен од потребни причини.

Трговските центри се отворија пред неколку дена. Сепак, тука има ограничувања. Така, купувањето на мало е можно само со испраќање на СМС порака. Дозволено е едно патување до продавницата, за период од три часа. Рестораните и кафулињата повторно ќе започнат со работа на 3 мај.

Граѓаните од Западен Балкан, доколку Европскиот парламент го прифати предлогот на Европската комора, за време на короната може да патуваат во Европската унија како и сите Европејци – со дигитални зелени сертификати.

Слични содржини