Најголемата зделка во историјата на фудбалот: Основачот на „Спотифај“ обезбедил средства да го преземе Арсенал

од Vladimir Zorba
375 прегледи

Од минатонеделното фијаско со Суперлигата, сопствениците на Арсенал со денови беа под постојан притисок да го продадат клубот и да ги напуштат „Емирати“.

Дури и минатиот петок навивачите протестираа пред натпреварот со Евертон, но нема напредок.

Стен Кронке и неговиот син Џош повторуваат дека немаат намера да го напуштат клубот што го водат од 2008 година, иако во меѓувреме се појави сериозен купувач со намера да купи мнозински пакет акции.

Станува збор за Даниел Ек, шведски милијардер од Стокхолм, претседател и ко-сопственик на музичката платформа „Спотифај“, кој е подготвен да влезе во трката за купување на Арсенал.

Ек е познат како страствен навивач на Арсенал кој дури ги гледа натпреварите на клубот на својот лаптоп додека бил на состаноци, а за купувањето на „топџиите“ ја доби поддршката од легендите на клубот – Тиери Анри, Денис Бергкамп и Патрик Виеира.

Швеѓанецот оваа среда откри дека „ја затворил финансиската конструкција“ и обезбедил пари за преземање на Арсенал и дека наскоро ќе им претстави „многу примамлива“ понуда на Стен и Џош Кронке.

Фановите на Арсенал се надеваат дека Кронке би можел да слушне што му нуди Ек, но прашање е колку Швеѓанецот „може да лета“. Имено, според независните проценки, вредноста на Арсенал е околу 2 милијарди фунти, додека „бараната цена“ би изнесувала дури 3 милијарди.

Друг проблем за Ек е што неговото лично богатство се проценува на близу 4 милијарди фунти, па тој би морал да го продаде својот удел во „Спотифај“, што го има, со цел да обезбеди финансирање за да ја затвори зделката.

Интересно е и тоа што самиот Стен Кронке е двојно побогат од Ек, бидејќи неговото лично богатство се проценува на над 8 милијарди долари, додека неговата сопруга Ен Волтон Кронке е наследничка на „Волмарт“, што се проценува на 9 милијарди долари. Значи, тие немаат финансиски проблеми …

Сепак, неколку дена се решавачки за Арсенал. Даниел Ек е секако најприфатливата опција за сите навивачи, многу повеќе од Кронке, но повторно, тоа не мора да значи дека тој ќе стане новиот сопственик на тимот од Емирати.

Доколку предлогот помине, тоа ќе биде најголемата продажба на фудбалски клуб во историјата на оваа игра.

Слични содржини