Вархеји во вторник доаѓа во Скопје

од Vladimir Zorba
204 прегледи

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархелји најави дека неговата посета на Западен Балкан ќе започне во понеделник попладне со посета на Србија и дека со официјални претставници во регионот ќе разговара за одговорот на пандемијата, како и за поддршката на ЕУ во таа област.

Вархеји доаѓа на Западен Балкан за испорака на првите вакцини против Ковид-19, кои ги споделува и финансира Европската унија, се вели во соопштението на Европската комисија и потсетува дека, како што објавија Европската комисија и Австрија на 20 април , вкупно 651.000 дози вакцина Фајзер/Бајонтек во неделни транши, од почетокот на мај до август.

„Овие вакцини ќе помогнат да се забрзаат кампањите за вакцинација, како и да се осигури дека сите медицински работници од првата линија и некои од најранливите групи се вакцинирани“, се вели во соопштението.

Вархеји ќе претстојува во Србија во понеделник попладне, потоа во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија во вторник, а потоа во среда во Албанија и Косово, се вели во соопштението.

Вархеји истакна дека патува на Западен Балкан со цел да пренесе јасна порака дека ЕУ се грижи за своите партнери.

„Ние се грижиме за нашите партнери, нивните здравствени работници и за најзагрозените граѓани. Испораката на вакцини ја потврдува нашата постојана посветеност за давање поддршка, како што сторивме од избувнувањето на пандемијата. Заедно сме посилни“, рече Вархеји и ја најави својата посета објавувајќи на Твитер, со порака „Се грижиме“.

Вакцините, како што потсетува ЕК, се финансираат од пакет вреден 70 милиони евра, што Комисијата го усвои во декември 2020 година за да помогне во покривање на трошоците за вакцинација, врз основа на договорот за авансно купување дози за земјите од Западен Балкан .

Слични содржини