ИТАЛИЈАНСКИТЕ медиуми објавија снимка од скриена камера од просторијата каде што Луис Суарез полагаше италијански јазик на Универзитетот во Перуџа.
Минатото лето бевме сведоци на бројни полемики околу овој случај, а сега се објавени снимки на кои се гледа како Суарез прави селфи и прави шеги со луѓе кои треба да го оценат.
Секако, Суарез го положи испитот по италијански јазик и покрај тоа што не ги знаел ниту основите на јазикот.
Суарез ова лето сакаше итно да добие италијански пасош за да се пресели од Барселона во Јувентус. Тој имаше право на овој документ затоа што неговата сопруга беше од Италија, но Уругваецот мораше прво да положи испит за италијански јазик во Перуџа.