Симеоне ја потврди разделбата со Луис Суарез

од Vladimir Zorba

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, призна дека клубот ќе се раздели со Луис Суарез. Договорот на Уругваецот истекува и нема да биде обновен. На денешниот домашен натпревар на Севиља, искусниот напаѓач ќе се прости од навивачите на „јорганџиите“.

„Имав разговор со Луис во ноември. Долг, тежок и искрен разговор. И двајцата споделивме како ја гледаме сегашноста и иднината. Од тој момент до денес, никој од нас не го прекрши тоа што си го ветивме. Затоа сум исклучително благодарен на Суарез“, изјави Симеоне.

Суарез пристигна во Ванда Метрополитано како слободен играч од Барселона во 2020 година и даде огромен придонес за титулата на Атлетико во Ла Лига. Уругваецот оваа сезона повторно е водечки стрелец на мадриѓаните во првенството со 11 голови, но често останува на клупата.

Слични содржини