Заев и сопругата Зорица во кругот на семејството го одбележаа Христовото Воскресение (ФОТО)

од Берта Китинска
346 прегледи

Премиерот Зоран Заев заедно со сопругата Зорица  Христовото Воскресение го одбележаа во кругот на семејството.

-Саможртвата на Христос е подвиг од љубов, посветен на нас луѓето. Бог ни се даде како пример. Опкружени со љубов, но и со надеж за подобрите денови кои доаѓаат, да бидеме исполнети со хармонија и прошка, мир и просперитет, без поделби, без омраза, без конфликти.Нека е честит големиот христијански празник – Велигден!„Христос воскресна! Навистина воскресна!“, напиша премиерот под фотографиите.