Ивановска: Правосудните органи и извршната власт се перцепирани како области со најголем ризик од корупција

од Nikola Popovski
245 прегледи

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска денеска ги информираше членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедиците за работата на ДКСК во изминатата година. Потенцираше дека состојбата со корупцијата во земјата е многу сериозна.

Според Ивановска, новиот Закон за спечување на корупција и судир на интереси кој беше усвоен во јануари 2019 година ги зголеми и зајакна надлежностите на антикорупциската комисија и обезбеди поефективни механизми за постапување, со што се зголемија и очекувањата на јавноста за поефикасно спречување и борба со корупцијата. Претседателката на Комисијата нагласи дека 2020 година ќе остане запаметена како година на борба за заштита на јавното здравје на светско ниво поради ефектите на Ковид-19 пандемијата, во Република Северна Македонија годината 2020 ќе биде запаметена како година со четиримесечен период на „вонредна состојба“, осуммесечен период на „Техничка влада“, година на „предвремени Парламентарни избори-2020“ и 10 месеци работење во Ковид-19 услови.

Презентирајќи го Годишниот извештај, меѓу другото, таа посочи дека и во 2020 година, како и во 2019 најголем број на поднесените пријави се со наводи за постоење сомнеж за коруптивно однесување на службените лица. Правосудните органи, извршната власт, институциите кои одлучуваат во сферата на урбанизмот и општините, се перцепирани како области со најголем ризик од корупција, злоупотреба на службена должност и можност за судир на интереси. Анализирајќи за кои појави или процеси најмногу се наведуваат состојби на незаконско постапување, со опфатените пријави исто така се потврди фактот дека најмногу се пријавува за злоупотреба на службена должност при вработувањата, издавањето на разни дозволи решенија (за градење), постоење судир на интереси, при донесување судски одлуки и т.н.

Правосудните органи, извршната власт, институциите кои одлучуваат во сферата на урбанизмот и општините, се перцепирани како области со најголем ризик од корупција, злоупотреба на службена должност и можност за судир на интереси, рече претседателката на Државната комисија за спречување на корупција презентирајќи го извештајот за работата на Комисијата. Во текот на 2020 година Комисијата примила 550 пријави од граѓани и оформи 102 предмети по сопствена иницијатива.

Слични содржини