Меган Маркл, војвотката од Сасекс, во јуни ќе ja објави книгата за деца „The Bench“ за односот меѓу татко и син, објави во вторникот издавачот Random House.
Книгата е најновиот потфат на Меган Маркл и нејзиниот сопруг принцот Хари, внук на кралицата Елизабета, откако минатата година се повлекоа од кралските должности и заедно со нивниот син Арчи се преселија во Лос Анџелес, пренесува Хина.
Детската книга, инспирирана од Хари и Арчи, илустрирана од уметникот Кристијан Робинсон, ќе излезе на 8 јуни, а Меган ќе го даде својот глас за верзијата на аудиокнигата, рече издавачот.
– „The Bench“ настана како песна што ја напишав за мојот сопруг на Денот на таткото, еден месец по раѓањето на Арчи. Таа песна стана оваа приказна“, рече војвотката.
-Се надевам дека „The Bench“ ќе одекне во секое семејство, без оглед на составот, како што е и во моето.“