Надзорниот одбор го поддржа „Фејсбук“ во суспензијата на профилот на Трамп

од Stefanija Kuzmanovska
332 прегледи

Надзорниот одбор на „Фејсбук“ ја поддржа суспензијата на профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, но на „Фејсбук“ му беше даден рок од шест месеци во кој рок треба да ја разгледа таа одлука и да ги примени ваквите санкции за сите корисници.

Надзорниот одбор, формиран од Марк Цукенберг за да одлучува за контроверзните одлуки на „Фејсбук“ како што е оваа, соопшти дека одлуката за отстранување на Трамп од социјалните мрежи е неконзистентна и без никакви стандарди и смета дека таквото правило мора да важи за сите корисници, пренесува Би-Би-Си.

– Не смее да се дозволи „Фејсбук“ на неодредено време да ги отстранува корисниците од платформата, без критериуми за тоа кога и како ќе му го вратат профилот – велат тие и забележуваат дека „Фејсбук“ ја донел таа одлука, а сега избегнуваат одговорност.

Во меѓувреме, Трамп го исполни ветувањето во јануари и отвори нова страница во вторникот за да ги информира своите приврзаници за неговите потези.

Слични содржини