Богојески: Пендаровски сака преквалификација на обвинението за „27 април“, потоа Груевски може да спие раат

од Vladimir Zorba
762 прегледи

Утрешната средба на претседателот Стево Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на која една од темите ќе биде „27 парил“ отвара многу полемики за тоа дали учесниците на упадот на Собранието ќе бидат амнестирани или за овој случај ќе се отвори нова судска постапка.

Според Петар Богојески, промоторот на Македонски концепт, договорената средба е „класичен историски ревизионизам“ кој бил договорен на средбата помеѓу премиерот Зоран Заев и Мицкоски .

-Станува збор за класичен историски ревизионизам, договорен на средбата Заев – Мицкоски. Пендаровски само презема улога тоа да го спроведе! Овој процес ќе биде нешто слично како во Германија, повторно да се отвори Нинбершки процес и да се преквалификува нацизмот од злосторство во патриотско движење! Тоа во Германија ќе предизвика враќање на национал романтизмот! Ова во Македонија ќе предизвика враќање на груевизмот!, вели Богојески,за „Локално“.

Во однос на тоа дали оваа можност ќе ги подобри позициите на Мицкоски, Богојески смета дека со овој потег Заев ќе му овозможи на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ „да ја преживее акцијата за негова смена“.

– За Заев нема подобар опозиционер од Мицкоски! Договорот за промена на името Македонија мора да се почитува! Со тоа не смее Груевски да биде обвинет за тероризам и вратен за уши од Будимпешта! Не сме да биде осуден ниту еден од седумте од списокот на Груевски, меѓу кои и Трајко Вељановски! Затоа се инсистира на преквалификацијса на делото и запирање на проширена истрага за „командантите“ на терористичкиот напад! Сега тие ќе станат „команданти“ на граѓански немири и делење на десетина шамари! Со тоа Груевски и Вељановски се амнестирани! Тоа е целта, а не будалетинките што ги наседнаа да се тепаат во Собрание! Со самото седнување на Заев да преговара со Мицкоски, му ја забетонира позицијата. Со ова само спроведува процес на бетонирање!, вели тој.

Според првиот човек на Македонски концепт, Македонија нема судски систем и затоа долго ќе ја сонуваме ЕУ..

– На бандите и партиите не им одговара да влеземе во ЕУ! Затоа СДСМ го „изгуби“ случајно европскиот пат! Мицкоски никогаш не го имал на своја траса на движење! Пендаровски не сака да амнестира, туку да се отвори повторно предметот со преквалификација на обвинението! Од тероризам во насилство и учество во толпа! Толку! После тоа господин Груевски може да спие раат! Конечно ќе ја добие наградата за промена на името Македонија!“, објаснува тој.

Богојески му нуди предлог на Претседателот Пендаровски да им ги „нормализира“ казните на тие што влегоа во Собранието на 27 април за време на Илинден, но во исто време да се прошири обвинението на „командантите“ што дента беа во канцеларија кај шефот на Собрание, на осммиот кат во мермерната палата и во ВИП салонот на аеродром Виена!

– Мицкоски не бара ништо, Мицкоски само пренесува што му дале како задача Груевски и Протугер! Мицкоски не е тука да мисли, туку да извршува! Опозицијата во Македонија е заложник на мафијата од палатата и тоа е проблем не само за нас опозиционерите, туку за цела држава! Републиканизмот е во опасност!, истакна тој.

Посочува дека моменталната политичка ситуација во која Републиката е заглавена, а тоа е недобивање датум за преговори со ЕУ за кои направивме национални отстапки, како никој друг во светот, предизвикува политички спинови како „средбата за помирување”, која единствено претставува почеток на припрема на општеството за откажување од европскиот пат, а цената е „амнестија“ на некои политичари кои сакаа и сакаат да владеат со Републиката преку криминал и терор.

– Разликата помеѓу амнестијата на Иванов и онаа на Заев со оваа сегашната на Пендаровски е начинот на кој таа ќе биде направена, а тоа е дека целата политичка елита ќе се согласи на такво нешто. Со овој потег, уште повеќе ќе заглавиме во криминалното политичко однесување, а САД и Европа на ова нема да гледаат благонаклоно. Со тоа, шансите за почнување на преговорите се повеќе се намалуваат. Се додека за важни стратешки прашања како криминалот, правосудството, уставот на Републиката се решаваат во “четири очи“, вон државните институции каде им е местото, ние нема да имаме демократска држава за која македонскиот народ сонува! Некој не подготвува на ново национално предавство! А тоа не е компромис со Бугарија, туку откажување од ЕУ! Токму тоа ќе биде предавство над предавствата, а Македонија ќе биде уништена како држава!, истакнува промоторот на Македонски концепт.

Б.М.

Слични содржини