192
Повеќе од 786.000 потврдени случаи на коронавирус се регистрирани во светот во неделата, а вкупниот број на такви случаи надмина 157,28 милиони, објави СЗО.
Заклучно со 9 мај, во светот се пријавени 157.289.118 нови случаи со коронавирус и 3.277.272 смртни случаи поврзани со ковид-19.
Бројот на потврдени случаи се зголемил за 786.943 во изминатите 24 часа, а бројот на смртни случаи се зголемил за 12.994, пренесува Тасс.
Статистиката на СЗО се заснова на официјално потврдени податоци од земјите.