Фаучи го откри она што САД се обидуваат да го сокријат: Колкав е всушност бројот на жртви од коронавирус?

од Stefanija Kuzmanovska
240 прегледи

Главниот американски епидемиолог, д-р Ентони Фаучи, сугерираше дека коронавирусот во САД е посмртоносен отколку што е официјално пријавено, додавајќи дека Соединетите држави го „намалиле“ вкупниот број на смртни случаи од последиците на ковид 19.

„Мислам дека нема сомнеж дека го намаливме бројот“, изјави Фаучи за Ен-Би-Си во неделата.

На прашањето за студија на Универзитетот во Вашингтон, според која досега повеќе од 900.000 Американци починале од последиците на коронавирусот во САД, што ја надминува официјалната бројка од 581.000 смртни случаи од корона, епидемиологот одговори: „Тоа е малку повеќе отколку што мислев дека е намалено, понекогаш моделите се точни, понекогаш малку отстапуваат“.

Водителот на Ен-Би-Си се надоврза на изјавата на Фаучи, главниот медицински советник на американскиот претседател Џо Бајден, во откривањето на бројот на жртвите. Тој рече дека проценката на Универзитетот во Вашингтон е „скоро двојна во споредба со она што успеавме да го следиме“.

На крајот, Фаучи рече дека студијата потсетува на историските размери на пандемијата, каква што не е видена во Америка повеќе од 100 години.

Слични содржини