Муслиу: Од посетата на Вархеји најмногу ми пречеше мерит-системот

од Nikola Popovski
225 прегледи

„Од Вархеји најмногу ми сметаше мерит-системот, затоа што ЕУ е сериозно под ризик да го изгуби кредибилитетот, ако збори за него“, смета политичкиот аналитичар, Алберт Муслиу во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Според Муслиу, ако е до тој систем, ние веќе треба да одржиме Меѓувладина конференција.

„Не може сите македонски граѓани да знаат како функционира ЕУ. Таа има Европски совет, каде се гласа со консензус, но има и Европска комисија, каде таа одлучува. Во ЕС има 28 членки, меѓу кои има и бугарски претставник. Сакам да кажам дека цела ЕУ не е против нашето започнување на преговорите со нив“, вели Муслиу.

По негово мислење, нашите владини претставници треба да одат повеќе во Вашингтон, затоа што таму имаме сериозен партнер за нашите евроинтеграции.