Фон дер Лајен: Силна поддршка за отворање на пристапните преговори на С. Македонија со ЕУ

од Nikola Popovski
259 прегледи

„Мило ми е што денес се сретнав со премиерот Заев. ЕУ стои покрај Северна Македонија во ова тешко време, вклучително и со помошта со вакцини. Ја потврдив нашата силна поддршка за отворање на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, објави претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен на својот Твитер профил.

Премиерот Заев во Брисел со јасна порака дека Македонија е единствeна во ставот дека нема да дозволи да се преговара за идентиетските прашања како услов за почеток на преговорите со Европската унија.

Според премиерот токму појавата на таканаречените нон пејпери е доказ дека во отсуство на ЕУ во регионот можни се и други сценарија кои би можеле да го дестаблизараат целиот Балкан.

Портпаролот на ЕК, Ерик Мамер истакна дека Фон дер Лајен ја потврдила својата поддршка за започнување разговори со Северна Македонија, но истите не може да започнат без согласност на Бугарија.

Европската комисија изразила желба да ги поддржи економските и инфраструктурни проекти во Македонија, како што е изградба на железничка линија, гасовод и проекти поврзани со зелена енергија.

Слични содржини