Постојат луѓе за кои градењето нови познанства е чиста рутина и кои не мора да подготвуваат и смислуваат „сценарио“ за да остварат контакти.
Тие се отворени за сите социјални прилики и минуваат низ животот со насмевка на лицето, а непознатото и новото особено ги привлекуваат.
Двата знака на Зодијакот се особено пријателски настроени, па токму затоа многумина сакаат да бидат во нивно друштво.
ВАГА
Ако забележите некој во толпата кој има насмевка на лицето, дури и кога не му се познати околината и друштвото, постои голема шанса дека сте наишле на Вага.
Наместо изолација и осаменост, Вагите претпочитаат гужви и тие лесно можат да се справат во разни ситуации. Нивните вербални способности се крајно изразени и се многу љубопитни.
Овие квалитети постојано ги туркаат напред и им овозможуваат вешто да ја избегнат секоја непријатна ситуација, дури и со потполни странци.
Дури и ако лицето со кое е во комуникација е интроверт, Вагата ќе биде одличен соговорник.
СТРЕЛЕЦ
Овој огнен знак го бие глас дека тој е непоправлив авантурист, но тие инсистираат на тоа дека секоја забавна активност ја доживуваат со пријателите.
Секако, тие им се посветуваат на своите долгогодишни пријатели, но исто така ценат и негуваат нови познанства.
Се ослободуваат многу брзо и не им претставува проблем да поканат некој нов за дружење, а нивниот енергичен темперамент и сеприсутниот позитивен став обично предизвикува слична реакција од друга страна, односно луѓето сакаат полесно и побрзо да бидат пријатели на еден Стрелец.