Заев на средба со Ќучук и Чолош: Прашањата кои немаат поврзаност со европското законодавство треба да се адресираат билатерално

од Берта Китинска
302 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во рамки на дводневната работна посета на институциите на Европската Унија во Брисел, денеска, придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи и шефицата на Постојаната мисија на Северна Македонија во ЕУ, Агнеза Руси-Поповска одржа одделни средби и со европратеникот Илхан Ќучук, кој е и известувач за Република Северна Македонија, како и со претседавачот на парламентарната група на „Обнова на Европа”, (Renew Europe), Дачијан Чолош.

На двете средби во Мисијата на Северна Македонија во Брисел, кои беа оценети како одлични, беше изразена силна поддршка за отворање на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија, која како што беше нагласено, од своја страна ги исполни сите обврски.

Соговорниците оценија дека пристапниот процес треба да биде фокусиран на европското законодавство АКИ (acqui) и беше заклучено дека сите други прашања, кои немаат поврзаност со европското АКИ треба да се адресираат билатерално.

 

Премиерот Заев на одделните средби со европратениците Чолош и Ќучук се заблагодари на досегашната принципиелна поддршка од парламентарната група на „Обнова на Европа”, (Renew Europe) во Европскиот парламент, изразувајќи надеж дека таа поддршка ќе продолжи континуирано и понатаму.

Слични содржини