Oд утре на сила ќе стапат новите коивд – мерки кои ги усвои Владата

од Берта Китинска
269 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека  почнувајќи од утре, 12 мај 2021 година на сила ќе стапат новите мерки кои ги усвои Владата на денешната редовна седница:

-Полицискиот час започнува од 24:00 часот, а трае до 04:00 часот наутро наредниот ден.Дозволеното време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот.Сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите, напиша Филипче на Фејсбук.

Слични содржини