559
„Бугарите нема да остапат од нивното, а тоа е да се откажеме од историјата и јазикот. Значи треба да признаеме дека сме Македонци после 1945 година па наваму, кои што употребуваат една од двете службени норми на стандардизираниот бугарски јазик“, изјави екс-вицепремиерот за евроинтеграции и амбасадор во Бразил, Ивица Боцевски за емисијата „Само вистина“.
Според него, ЕУ не е суштество на вредности, туку суштество на држави.
„Политиката на Борел е политика на секоја земја-членка. Ако Бугарија каже дека нема почеток со Македонија, тогаш Борел ќе го каже истото. И Германија и Чешка во кажуваат истото“, вели Боцевски, додавајќи дека ќе влеземе во ЕУ, само тогаш кога ќе го прифатиме тоа што го бараат Бугарите од нас.