Шести пакет мерки: Објавени седум јавни повици, финансиска помош за естрадните уметници, туристичките водичи, диско клубови…

од Берта Китинска
394 прегледи

Министерот за економија Крешник Бектеши и генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири денеска на прес-конференција информираа дека се објавени седум јавни повици за поддршка на компаниите кои биле најпогодените сектори.

За оваа намена ќе се потрошат  17, 8 милиони евра,а ќе се распределат на 10.000 компании со 60.000 вработени.

-Финансиска помош за естрадните уметници, туристичките водичи, компании оператори, агенции за организирање настани игротеки, приватни детски одморалишта, поддршка за кабариња, диско клубови, ресторани за свадби. Финансиската поддршка на шестиот пакет мерки уште покажа дека државата е партнер на граѓаните и стопанството. Сите кои се опфатени со мерките да аплицираат и да се стекнат со правото за  финансиска поддршка, изјави Зеќири.

 

Слични содржини