Пратеници испратија писмо до претседателот, Пендаровски прво ќе го разгледа законот за дивоградби, па ќе одлучи за потпис

од Берта Китинска
182 прегледи

Петмина пратеници од  политичките партии од владејачкото мнозинство, денеска му испратија писмо на  претседателот Стево Пендаровски  во кое бараат да не го потпишува скандалозниот закон за легализација на дивоградбите, кој вчера го изгласа Собранието.

👉 Писмото со кое бараме од претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува скандалозниот закон.

Posted by Goran Milevski on Wednesday, 12 May 2021

Претходно, Демократскиот сојуз побара од претседателот Пендаровски да не го потпишува законот, затоа што е спротивен на владеење на правото и ги штити оние кои граделе бесправно.

Од  кабинетот на претседателот велат дека ќе го разгледа законот, по што ќе донесе одлука дали ќе го потпише Указот.

-Указот за прогласување на Законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти денеска е доставен Собранието на Република Северна Македонија. Претседателот Стево Пендаровски ќе го разгледа текстот на законот, по што ќе донесе одлука и навремено ќе ја информира јавноста, информираа од Кабинетот на претседателот Пендаровски.