Според Министерството за здравство, во последните 24 часа, пријавени се вкупно 16 починати лица.
По градови, бројките се : 6 од Скопје (50г,62г,66г,79г,81г и 83г), и по едно лице од Куманово (54г), Велес (69г), Гостивар (70г), Штип (69г), Струмица (54г), Струга (83г), Кочани (65г), Гевгелија (72г), Радовиш (88г) и Богданци (78г). Од пријавените сите се починати во болнички услови.
Направени се 2.093 тестови преку: ИЈЗ-306, ЦЈЗ Скопје-57, ЦЈЗ Битола-46, ЦЈЗ Прилеп-17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-7, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–84, МАНУ-83, Жан Митрев (Филип Втори)-132, Авицена-203, Биотек-251, Систина-148, лабораторија Лаор-148, Синлаб-38, Ремедика-0, Плодност–30, Генеа–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 515.
Досега во земјата се направени вкупно 745.471 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.372, бројката на оздравени пациенти е 139.266, на починати е 5.151, а бројот на активни случаи изнесува 9.955.