Во последните неколку години во Белата куќа се шпекулирало дека ќерката на Трамп, Тифани и снаата Ванеса, имале интимна врска со своите членови на обезбедување.
Имено, новинарката Карол Лиониг напишал книга наречена „Zero Fail: The Rise and Fall of the Secret Service“, во која се споменуваат имињата на Тифани и Ванеса.
Меѓу другото, таа открила како Ванеса и Тифани биле во интимни односи со агентите на тајната служба, кои биле задолжени да се грижат за семејството, додека Доналд Трамп бил претседател на САД.
Според „Гардијан“, Ванеса започнала врска со еден од агентите кој се грижел за безбедноста на Доналд Трамп помладиот, неа и нивните деца. Не е познато како настанала аферата, но Ванеса поднела барање за развод во март 2018 година.
Како што напишала Керол, агентот не бил отпуштен, ниту имало последица во професионална смисла.
Тифани, од друга страна, се забавувала со друг агент, со кого поминала многу време сама. Челниците на тајната служба тогаш, се вели во книгата, „ биле загрижени за тоа колку Тифани се зближила со висок, темен и убав агент“.
На агентите инаку им е забрането да имаат интимни односи со луѓето што ги штитат.