МВР: Лажна вест е наводната престрелка во Ченто

од Vladimir Zorba
217 прегледи

Дел од порталите, вечерва шират лажни вести за наводна престрелка во скопската населба Ченто и дури лицитираат со повеќе убиени, соопштија вечерва од МВР.

Оттаму апелираа до граѓаните да не наседнуваат на вакви подметнувања и да не веруваат на лагите кои ги пласираат овие портали туку да се информираат од професионалните медиуми, кои објавуваат проверени информации.

Во Ченто вечерва имаше сообраќајна незгода, а не престрелка, како што беше објавена лажна вест.