144 сообраќајни прекршоци во Скопје, 63 за брзо возење

од Берта Китинска
213 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 63 санкции, 36 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 13 за возење без возачка дозвола.Изречени се пет санкции за нерегистрирани возила, три за некористење сигурносен појас.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, велат од МВР.

Од МВР, упатија апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи .