Минатото лето, Челси потроши многу пари на засилувања.
Френк Лампард ги доби Каи Хаверц (80 милиони), Тимо Вернер (53), Бен Чилвел (50,2), Хаким Зијеш (40) и Едуардо Менди (24), а потоа дојде Томас Тухел и намести сè, го донесе тимот до финалето на Лигата шампион и во ФА купот, кое го игра утре против Лестер.
Како награда, Тухел ќе добие финансиска инјекција за нови засилувања во износ од 175 милиони евра.
Англиските медиуми пренесуваат дека Тухел е задоволен од тимот, и дека сака да го засили напаѓачкиот дел од тимот.
Му треба „убиец“ и три имиња се во центарот на вниманието.
Првиот е Ерлинг Халанд, бомбардерот на Борусија, вториот е Хари Кејн, капитенот на Тотенхем, а трет е Ромелу Лукаку, одличниот белгиски напаѓач на Интер.
Се споменува и еден дефанзивец, бидејќи Тиаго Силва е во сериозни години, а станува збор за Никлас Зуле од Баерн …
Челси следната сезона очигледно ќе има уште поголеми амбиции …