Стоев: Подготвени сме за дијалог со Скопје, но само под посебни услови

од Nikola Popovski
290 прегледи

Новиот бугарски министер за надворешни работи, Светлан Стоев денес соопштил дека Бугарија останува отворена за отворен дијалог и соработка со С. Македонија, но дека сите состаноци и средби мора да се одржат под посебни и одредени услови, објави бугарската агенција БГНЕС.

„Република Северна Македонија предложи да се одржи телефонски разговор меѓу двајцата министри за надворешни работи и тој ќе се спроведе веднаш штом ќе дозволи програмата и распоредот на министерот Стоев“, се вели во соопштението на тамошното Министерство за надворешни работи.

Според нив, Бугарија отсекогаш била и останува отворена за отворен дијалог и соработка со С. Македонија.

„Може да се одржи меѓувладин состанок кога се исполнети потребните предуслови и услови. Одржувањето состанок во таков формат мора да биде полн со содржина. Во оваа смисла, потсетуваме дека годишниот извештај за работата на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања треба да биде усвоен на претстојниот меѓувладин состанок. Ја користиме приликата да потсетиме дека министерот Стоев  при стапување на должност рече дека бугарската страна останува отворена за дијалог, а привремената влада не е овластена да ја менува рамковната позиција на Бугарија, што беше усвоено со консензус од сите политички сили во Парламентот, се потенцира во изјавата на бугарското Министерство за надворешни работи.

Слични содржини