Грција се нуди да помогне да се тргне блокадата од Бугарија

од Andreja Salpe
139 прегледи

Оптимизам има во Скопје по најавените иницијативи дека ќе помогне Грција во спорот со Софија. 

Премиерот Зоран Заев во интервју за дописничка на МИА во Атина, посочува дека Грција е еден од најпосветените наши пријатели за нашата ЕУ перспектива. Тој открива дека неговиот колега Кирјакос Мицотакис развил неколку позитивни идеи, кои би можеле да помогнат за oтстранување на бугарската блокада. Верува дека ќе се најде некое решение со Бугарија, затоа што, вели, проблемот не е од таква природа каде што би можел да биде пречка, имајќи предвид дека допрва се отвораат 35 поглавја и дека и на отворање и на затварање се носат одлуки од сите земји- членки.

Во Бугарија нема промена на ставовите кон Македонија. 

Слични содржини