Бретон: ЕУ веќе има услови за отворање на туризмот

од Vladimir Zorba
331 прегледи

Европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон рече дека Европската унија веќе ги има вистинските услови за безбедно отворање на туризмот во текот на летото.

Тој вчера на Форумот за одржлив туризам во Порто истакна дека состојбата е се уште тешка, но дека ЕУ има средства за отворање на туризам, објави денес Синхуа.

„Ситуацијата останува тешка. Сепак, сигурен сум дека конечно ја гледаме светлината на крајот од тунелот и сега имаме средства“, рече Бретон.

Според него, значително зголемување на капацитетот за производство на вакцини сугерира дека ќе има доволно дози за да се вакцинираат 70 проценти од населението во ЕУ до средината на јули.

Бретон посочи дека Европскиот парламент и Европскиот совет сега се подготвени да ги завршат преговорите за ковид-пасошите во Европа до крајот на месецот и дека е убеден дека сертификатите ќе бидат подготвени за летото.

Португалскиот министер за економија Педро Сиза Виеира на форумот рече дека членките на ЕУ треба да усвојат заеднички пристап за повторно отворање на туризмот, фокусирајќи се на итно закрепнување на секторот.

Тој истакна дека туристичкиот сектор е клучен за закрепнување на европските економии во светло на кризата предизвикана од пандемијата Ковид 19.

Слични содржини