Бретон: Европа е пионер на новите глобални стандарди по договорот за вештачка интелигенција

од Vladimir Zorba

Европа се позиционираше како пионер на новите глобални стандарди по постигнувањето договор за правилата за користење на вештачката интелигенција (AI), се вели во изјавата на европскиот комесар за внатрешни пазари, Тиери Бретон, објавена на веб-страницата на Европската Комисија.

Тој посочи дека на преговорите на Европскиот парламент, Европската комисија и Советот на Европа за вештачката интелигенција, била воспоставена обврзувачка, но избалансирана рамка за големи модели на вештачка интелигенција („модели за AI за општа намена“), што подразбира транспарентност за сите модели за општа намена, како и построги барања за моќни модели со систематско влијание на единствениот европски пазар.

Со договорот страните се обврзаа да ги почитуваат човековите права и да избегнуваат масовен надзор во Европа, се наведува во соопштението.

Бретон истакна дека се развиени алатки за промовирање на иновациите и дека Европа е усогласена кога станува збор за тестирање на високоризични системи за вештачка интелигенција во реални услови, односно надвор од лабораторијата, со потребната заштита.

Во соопштението се наведува дека е договорена цврста рамка за спроведување на Законот за вештачка интелигенција, која вклучува надзор на пазарот на национално ниво, нова канцеларија на ЕУ за вештачка интелигенција, како и строги казни за компаниите кои не ги почитуваат правилата.

Договорот е постигнат по речиси 15 часа преговори и речиси 24 часа дебата претходниот ден, претходно објави Ројтерс.

Пратениците на ЕУ не можеа да се договорат за тоа како да ги регулираат системите како што е ChatGPT, како дел од правната рамка чија цел е да се држи под контрола вештачката вештачка интелигенција.

Слични содржини