Новата политика на СДСМ значи нови кадровски совежувања, спој на искуство и на нова енергија, изјави вчера лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
-Добивме нова свежина, но полет, кои заедно со искуството ќе придонесат за подобро функционирање на државата, рече Заев.
Почнуваме ново четиригодишно поглавје со зацртани нови напомена тој, споменувајќи вакцинацијата, ред и неселективна правда, развој на економијата и слично, најавувајќи наедно изградба на 260 километри автопатишта и реконструкција на 1.500 километри од постојната инфраструктура.
На вчерашниот 26 конгрес, на СДСМ, министерот за здравство Венко Филипче и вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи се новите потпретседатели на партијата кои доаѓаат на местата на Мухамед Зеќири и Коста Петров кои пак ротираат во Извршниот односно Централниот одбор.
По речиси триесет години високи партиски функции се повлече министерката за одбрана и заменик претседател на партијата Радмила Шеќеринска а на нејзинот место со 682 гласа „за“ е избрана директорката на УЈП Сања Лукаревска.
Изненадувања има во Извршниот одбор на партијата каде има многу нови имиња, како Милена Стефановиќ директор на Инфективната Клиника, Софија Пејкова директор на Клиниката за пастична хирургија и Адријана Будимир. Во ИОчленуваат и Ана Данева Маркова, Стефан Богоев, Нина Фити, Димитар Ковачевски, Костадин Костадинов, Благој Бочварски, Рената Јајоска, Петре Шилегов, Мухамед Зекири, Мелиса Ценовска Серафимовска, Никица Бачоски, Тања Томиќ, Дарко Каевски, Јована Трпчевска и Васко Ковачевски.
Во составот на Централниот одбор се пресликани вредностите на СДСМ: за целосна родова еднаквост, за соодветна застапеност на младите, како и темелните вредности за заедништво преку концептот едно општество за сите. Од 120 членови во новиот Централен одбор 60 се жени, 60 мажи – целосна родова еднаквост. Млади се 45 членови, што е застапеност од над 37,5 проценти, досега највисоко и кај нас во СДСМ и во било која друга партија во Северна Македонија, изјави вечерва лидерот на партијата и премиер, Зоран Заев.
Покрај тоа што има членови на ЦО коишто се Македонци имаме и припадници на албанската, турската, ромската, бошњачката, српската, влашката етничка заедница. Во новиот состав на ЦО имаме и личности кои се докажале во своите полиња на делување, но досега не биле дел од структурите на партијата. Инженери, економисти, информатичари, правници, лекари, стоматолози, социолози…
За ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ избра кадри кои ја испеаја својата песн
„Граѓаните се жалат на две крупни работи, лошото здравство и лошата економија. Филипче е лошото здравство, а Лукаревска лошата економија. Изборот на овие двајца кадри Заев ја дозакопува султан партијата. Лукаревска донесе 60.000 невработени, и затвори 6.200 фирми, а Филипче над 5200 мртви. Лукаревска ги штитеше фирмите на Заев, кои се редовно во врвот на листата неплаќачи на ДДВ, а Филипче бркаше провизии“, реагираат од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ по денешниот конгрес на СДСМ.