Армиите на С. Македонија, Србија и Црна Гора најмногу ја чуваат и негуваат антифашистичката традиција

од Nikola Popovski
272 прегледи

Вооружените сили на Србија, Црна Гора и С. Македонија најмногу го чуваат споменот за Народноослободителната борба (НОБ) и антифашистичките традиции, од сите земји на поранешна Југославија, додека ова е најмалку изразено во Хрватска, покажа истражувањето на српската емисија „Дозволите“.

Како што било објавено во воената емисија „Дозволите“ на Радио-телевизија Србија, како критериуми кои симболично и фактички зборуваат за односот кон антифашистичка борба земени се имиња на касарните, воени празници и начинот на обележување на манифестациите.

„Армијата на С. Македонија, исто така, го чува споменот на антифашистичката традиција со положување венци на Денот на победата и Денот на востанието, а исто така има седум касарни и Воена академија именувана по националните херои од НОВ. Армијата на С. Македонија има публикација на својата веб-страница „Воени генерали од Македонија 1943-2017“, во која се наведени и југословенските генерали од поранешните југословенски републики“, било објавено во емисијата, додавајќи:

„Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, „Јане Сандански“ во Штип, „Боро Менков“ во Куманово, „Кузман Јосифовски Питу“ во Тетово, „Мирче Ацев“ во Прилеп, „Чеде Филиповски Даме“ во Кичево и „Страшо Пинџур“ на аеродромот во Петровец. Воената академија во Скопје го носи името „Генерал Михаило Апостолски“.

Српската армија има 11 касарни и воени објекти со имиња на паднати национални херои.

Денот на победата и Денот на ослободувањето редовно се слават со воени паради, а по тој повод често се организира почесен артилериски оган од Калемегдан во Белград.

На парадата, кадетите на Воената академија маршираат со знамињата на српските бригади на Народноослободителната армија на Југославија. Српските војници учествуваат во настани со положување венци во сите градови каде има воени гарнизони, најчесто по повод Денот на ослободување на местото од фашизмот и други важни датуми.

Црна Гора може да се пофали со антифашистичка традиција, која се негува и не се крие. Министерството за одбрана од Подгорица објасни дека со учество во манифестации, имињата на касарната и образованието, се зачувува антифашистичката традиција. Се изведува и почесен артилериски оган. Црна Гора го слави и Денот на антифашистичкото востание на 13 јули како Ден на државноста, а во спомен на НОБ се именувани 4 касарни.

Емисијата „Дозволите“ на РТС не доби никаков одговор од Хрватска, но со претрага на официјалната веб-страница откри дека вооружените сили на земјата учествуваат во положување венци на Гробот на народните херои во загрепски Мирогој како и на одбележувањето на денот на сеќавање на жртвите на усташкиот логор Јасеновац.

Слични содржини