СДСМ по 26-тиот редовен Конгрес, со кадровски освежувања во највисоките партиски органи, кои се спој на искуство и нова енергија започнува ново четиригодишно поглавје како локомотива за напредокот на македонската држава и како гарант за исправниот колосек кој води до подобра иднина на сите граѓани, стои во соопштениот на Социјалдемократите.
Од партијата велат дека новиот состав на Централниот одбор е освежен, 2/3 од него се нови лица кои досега не биле членови на највисокиот орган на партијата
-Во составот на новите органи се пресликани вредностите на СДСМ за целосна родова еднаквост, за соодветна застапеност на младите, како и темелните вредности за заедништво преку концептот едно општество за сите.
Од 120 членови во новиот Централен одбор 60 се жени, 60 мажи – целосна родова еднаквост. Млади се 45 членови, што е застапеност од над 37,5 проценти, досега највисоко и во СДСМ и во било која друга партија во Северна Македонија.
Покрај тоа што имаме членови на ЦО коишто се Македонци имаме и припадници на албанската, турската, ромската, бошњачката, српската, влашката етничка заедница.
Избрани се и 18 члена на Извршниот одбор на партијата, од кои 9 се жени, а 6 доаѓаат од младите редови на СДСМ. Од 18 члена во ИО само 5 се од стариот состав, од 4 потпретседатели, 2 се нови.
Новиот Централен одбор, Надзорен одбор, Извршниот одбор и целото раководство на партијата ќе ја реализира владината и партиската програма која ќе значи нова политика со која СДСМ и натаму ќе остане прв во промените.
Овој состав е нова свежина, нова енергија и младост и гарант дека промените во СДСМ не се ниту случајни ниту стихијни, туку дека се континуитет со кој уште подобро и уште повеќе, посветено им служиме на граѓаните и државата.
И во наредните четири години СДСМ ќе биде одлучувачка сила која го движи македонското општество напред, политичка одговорна сила која носи државнички одлуки!, соопштија од СДСМ.