СДСМ е единствена партија во државата која има претставници во сите општини во државата. Јас лично како нов член на ЦО и ИО на партијата сум уверен дека ова е добар тим, тим за иднината кој ќе продолжи со еден победнички менталитет да ја унапредува партијата, но пред сѐ да ја унапредува државата и да ја направи подобро место за живеење, изјави во Утрински брифинг Димитар Ковачевски, заменик-министер за финансии и член на ЦО на СДСМ.
Тој вели дека со новиот избор започнува на процесот на нова политика.
-Таа политика има пет клучни столбови – обновување на досегашната кадровска понуда, со освежување на нови кадри, ангажирање на сите можни капацитети за борба против корупцијата и криминалот, охрабрување на различно мислење и туѓи ставови, застапеност на сите етнички заедници во партијата, од најразлични професии, четврто градење на СДСМ за ново време, и петто поттикнување и подигнување на мотивацијата на нашите граѓани. За првпат имаме еднаква застапеност на мажите и жените, како и 45 млади предложени од СДММ во ЦО, изјави Ковачевски.