Арсовска за законот за дивоградби: Не е фер да се амнестираат криминали

од Берта Китинска
348 прегледи

Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори во Студио 10 на ТВ24, вели дека со Законот за легализација на дивоградбите е лош сигнал не само кон бизнисот туку кон сите.

-Се е перспективно да се работи во Македонија затоа што сме земја со идеи, но луѓето се обесхрабруваат кога ќе видат дека има проблеми во системот.Еден од таквите примери е Законот за легализација на дивоградби според кој ќе им се овозможи да продолжат да работат оние кои биле спротивно на прописите, а оние кои работеле согласно законот во овој случај ќе бидат  оштетени. Ова е лош сигнал не само кон бизнисот туку кон сите.Пред се е лош сигнал за ЕУ. Затоа е потребен систем, со кој нема да се врати стариот закон повторно и сега да имаме 50 илјади семејства кои се загрозени, нека се кажат кои да ги видиме и доколку е така тогаш општеството ќе ги аминува, но не верувам дека толку ги има.Не е во ред сега да се амнестираат случаи од минатото, вели Арсовска.

Таа смета дека пратениците нема да се повлечат за гласање на законот кој е вратен од страна на шефот на државата.

„Не мислам дека ќе се повлечат, но би било паметно тоа да го направат“, вели Арсовска.

Слични содржини