„Исправени сме пред двојбен однос односно пред опциите кои ни стојат на располагање. Едната опција е да не продолжуваме со законот“, изјави премиерот Зоран Заев, нагласувајќи дека Владата ќе продолжи со дискусија во однос на Законот за третман на бесправо изградени објекти.
Според него, тоа би значело отстранување на незаконските градби во државата бидејќи законот е јасен.
„Инспекторот е должен да издаде решение за рушење доколку тоа не го направи одговара кривично, градоначалникот или министерот за транспорт и врски не го сруши објектот, одговара кривично. Поради тоа сите институции на централно или локално ниво ќе мора да ја извршат таа обврска“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање.
Ако можеме да одиме дополнително плус со правни формулации и тоа плус да го заштитиме и тоа да не зависи од мислењата и согласностите на одредени институции, дополни тој, подготвен сум да се дополни законот.
„Реално и пред вас како човек и пред мене како човек но пред се пред институциите на системот, сме исправени сите пред двојбениот однос, односно пред опциите коишто ни стојат на располагање.Едната опција е да не продолжиме понатаму со законот и тоа автоматски значи отстранување на сите бесправни градби во државата.Затоа што законите се јасни и инспекторот е должен да издаде решение за уривање и доколку тоа не го направи одговара кривично.А градоначалникот или министерот за транспорт и врски ако не направи извршување,односно не го урне објектот одговара кривично.Тоа значи дека сите институции од локално и централно ниво ќе мора да ја завршат таа обврска во спротивно ризикуваат кривични пријави и процеси пред обвинителства и пред судство“, појасни Заев.
Сега пратениците од власта и опозицијата во рок од 30 дена треба да обезбедат 61 глас, за повторно да се изгласа законот, при што претседателот е должен да го потпише Указот.
Следна инстанца е Уставниот суд, каде Антикорупциската комисија веќе најави деќа ќе поднесе иницијатива да се преиспита уставноста на законот.