„Заклучно со денешниот ден 21.390 лица се вакцинирани со првата доза во Врање, а реализирана е целосна имунизација за 17.260 граѓани. Вакцинирани се и 949 граѓани на Република С. Македонија“, изјавил д-р Слаѓан Младеновиќ, кој од првиот ден на вакцинирање, 8 јануари, работи на вакцинирање прво на здравствените работници, а потоа од 20 јануари на масовна имунизација на населението.
Според него, по празниците, бројот на граѓани кои сакаат да се вакцинираат е зголемен, а се повеќе се појавуваат и помлади и постари лица.
Околу 15.000 македонски државјани се вакцинирани во Србија, кажа српскиот министер за здравство Златибор Лончар, пред околу еден месец по средбата со министерот Венко Филипче во Белград. За нивната ревакцинација Лончар кажа дека ќе се направи договор со македонското Министерство за здравство и можно е тие да ја добијат втората доза во земјава.
Македонските граѓани во Србија во најголем број се вакцинирани во „АстраЗенека“ која во Македонија не се дава на лица под 60 години. На новинарско прашање каде овие лица ќе се ревакцинираат со оглед на одлуката на македонските здравствени власти, Лончар кажа дека можноста тоа да се направи во Србија е најмалку што можат да направат.