Бочварски: Доколку не се донесе Законот за дивоградби, ќе има рушење на 50.000 објекти или некакво статус-кво

од Nikola Popovski
285 прегледи

„Прашањето заслужува внимание. Во државата постојат проблеми во секоја сфера, па така и во оваа. Овој Закон за легализација на дивоградбите е предложен уште во 2019 година во Собранието и од тогаш седи во одредена собраниска процедура“, информираше министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски за емисијата „24 анализа“.

Според него, дискутирано е и со опозицијата.

„Посакував овој закон да се донесе со поголемо мнозинсво, бидејќи се работи за законско решение кое навлегува во зоната на одредени други закони. Може да се решат 50.000 проблеми, бидејќи станува збор за отприлика толку објекти на наши граѓани. Прашањето е што ќе правиме доколку не го донесеме законот. Мора да продолжиме со дебатата. Спротивно значи рушење на поголем број станбени објекти или некакво статус-кво“, вели Бочварски за предлог-законот за легализација на дивоградбите.

Слични содржини