Влада: Утре ќе се вакцинираат неколку ресорни министри

од Nikola Popovski
401 прегледи

Од владината прес-служба вечерва информираа дека утре на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски”, ќе се вакцинираат неколку членови на Владата.

„Ве известуваме дека утре 18.05.2021 година (вторник) на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски”, ќе се вакцинираат следниве членови на Владата на Република Северна Македонија: Фатмир Битиќи – заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Никола Димитров – заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи – министер за надворешни работи, Бојан Маричиќ – министер за правда, Фатмир Бесими – министер за финансии, Крешник Бектеши – министер за економија, Горан Милевски – министер за локална самоуправа“, објавија од Владата.

По вакцинацијата, со почеток во 10:50 часот е предвидена изјава на заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања – Никола Димитров и министерот за правда Бојан Маричиќ на платото пред вакциналниот пункт.

Во текот на денот беше објавено дека утре ќе се вакцинираат и претседателот Стево Пендаровски и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Денес на ред за вакцинација беа министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Слични содржини