Тони Крос има корона на 11 дена пред почетокот на подготовките за ЕП

од Stefanija Kuzmanovska
258 прегледи

ТОНИ КРОС има коронавирус и ќе го пропушти последниот натпревар на Реал оваа сезона.

Германскиот фудбалер минатата недела бил во контакт со заразен и добил позитивен резултат на последниот тест. Затоа, тој нема да игра за Реал против Виљареал на натпревар во кој Реал, доколку Атлетико запише пораз во последното коло, може да ја освои титулата.

Крос, кој е во изолација од петокот, доби позитивен резултат само 11 дена пред Германија да ги започне подготовките за Европското првенство. Сè уште не е познато дали ќе доцни на почетокот на подготовките за тимот на Јоаким Лев.

Слични содржини