Николовски: Секој министер треба да одработи уште многу, нема потреба од промени во Владата

од Nikola Popovski
236 прегледи

„Промените во Владата треба да ги каже премиерот. Јас лично не мислам дека се потребни промени по 8,5 месеци од продолжување на овој пат“, вели вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски за дневникот на ТВ Сител, одговарајќи на прашањето дали вчерашните промени во структурите на СДСМ ќе значат и промени во извршната власт.

Според него, ова се потврдило при неколку гласања во Собранието и мнозинството пратеници силно застанале зад оваа влада.

„Секој од овие министри треба да одработи уште многу во периодот што следи“, рече Николовски.

Извршната власт е бирана од Парламентот и нејзините претставници заслужија да добијат шанса. Тие се околу 8,5 месеци министри, раководители и слично имајќи во предвид дека Владата е бирана лани на први септември не би требало да има измени, порача денес премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев во одговор на новинарско прашање.

Слични содржини